Wednesday, March 21, 2012

Kristo Bageri/Христо Багеров, "Debar", II, 10, 1906.


Во своето последно писмо напишано десет дена пред да загине како дел од четата на Боби Стојчев, на 21 април, 1906, Христо Багеров  го пишува следното до својот татко Јосиф Багери: 

"Татко, моето срце гореше за слободата. За мене се беше мрачно и темно кога го гледав крвавото лице на Македонија. Тој факт ме фрли во прегратките на борбата против турските џелати. Она што го правам е резултат на твојата дејност во врска со албанските работи. Јас како дете, претставував бела хартија на која, согласно силата на природните закони, беше напишано она коешто секојдневно се зборуваше и случуваше околу мене. Тоа беше: "Слобода или смрт".
Воспитан во тој дух, јас не можев да сторам ништо друго освен да се помирам со судбината и да тргнам во борбата за слобода на убавата Македонија. Ти, татко, честопати зборуваше пред мене, дека во древноста Македонија и Албанија рамо до рамо работеле против нивните политички господари, дека си помагале едни со други. Затоа, имајќи ги во предвид тие  знаменити зборови јас дојдов овде да умрам за слободата на нашата сосетка - Македонија.
Дали со тоа сум направил добро или лошо нека проценат идните поколенија на овие две поробени земји.
Како заклучок на она што сакам да ви го кажам, татко, тоа е да работите за слободата на Албанија, онака како што сте работеле до сега. Само на тој начин некогаш Албанија ќе биде огреана од светлите зраци на убавата и слатка слобода."
Твојот син: Христо. 

No comments:

Post a Comment